„Македонската полиција нè ограбува и нè тепа“

by Фокус

-Дури и македонската полиција нè ограбува, ни ги земаат нашите пари и документи и нè тепаат – вели еден од мигрантите од Сирија, кои „Би-Би-Си“ ги интервјуирал за потребите на својот текст во кој пишува дека неколку организации за човекови права оцениле дека Македонија станала едно од најлошите места за мигрантите во Европа.

Во текстот на „Би-Би-Си“ пишува дека Обединетите нации, македонските организации за човекови права, како и од канцеларијата на Омбудсманот на Република Македонија забележуваат дека условите во прифатните центри за мигранти се нечовечки. Новинарката јавува и дека чести се случаите на киднапирани мигранти во Кумановско, кои се држат како заложници додека не платат откуп, а има и случаи на силување.

Поврзани новости