„Протестирам“ се врати на улиците: „Од петти мај до крај“

by Фокус

Граѓанското движење „Протестирам“ денеска, по точно еден месец од протестите на 5 мај за убиството на Мартин Нешковски, повторно одржува протестен марш. Тие бараат оставка од актуелната Влада и маршираат за слобода и демократија.

Маршот започна од булеварот Св. Климент Охридски во близина на Владата, па демонстрантите поминаа пред Министерството за правда и завршија пред читалната „Браќа Миладиновци“, каде ноќта на петти мај после протестот упаднаа специјалци, а имаше и повредени студенти.

Демонстрантите носат транспарент на кој пишува „Од 5 мај до крај“ и извикуваат „Оставка“.

Поврзани новости