Оваа година, здружение од Македонија –Ц.С.И.Надеж учествува во глобалната иницијатива за зајакнување на сите форми на добротворни придонеси за општеството.
Наречено #GivingTuesday, ова глобално движење на филантропијата кое го означува почетокот на сезоната на подарување, покажа голем успех во фокусирањето на светското внимание на моќта на давањето за подобрување на животот на луѓето.
На овогодинешниот #GivingTuesday, можете и вие да се приклучите со мал личен придонес, кој заедно со сите останати на овој ден ќе направи големо влијание во животите на овие ранливи дечиња.
Вашата донација дадена токму на овој ден има двојно влијание бидејќи ќе овозможи Едукативниот центар „Надеж“ да добие и дополнителни сретства од GlobalGiving платформата, која во рамки на оваа кампања одвојува 1 милион долари кои ќе бидат распределени меѓу организациите учеснички во истата, зависно од сумата на донации која секоја организација поединечно ќе ја собере на овој ден.
-Затоа, вклучете се денес 30 Ноември и донирајте. Овие дечиња ја очекуваат вашата поддршка!, порачуваат од Ц.С.И. Надеж.
Сите заинтересирани може да донираат на Give education to 60 vulnerable Roma children – GlobalGiving