465
Нерешно 1:1 заврши пријателскиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација и финскиот национален тим одигран вечерва на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Фото: Томислав Георгиев
Финците дојдоа во водство преку Оливер Антман во 37. минута. Изедначи Енис Барди од пенал во 75. минута.
Двете репрезентации пропуштија уште неколку убави шанси за постигнување уште по некој гол, но се чини дека ремито е реален исход.
Избраниците на селекторо Благоја Милевски, в недела ќе одиграат уште еден контролен натпревар, противник ќе им биде селекцијата на Азербејџан