Студентски марш: Владата да креира системски решенија за подобрување на студентскиот стандард

by Fokus

 Со транспаренти со пораки и примероци од храна оставени пред влезот на Министерството за образование и наука (МОН), студентите вечерва изразија незадоволство од студентскиот стандард и владините антикризни мерки.

„Дали е ова 1939?. Без образование нема држава!”, „Тука сме за домот навистина да ти биде како дома”, „Тука сме за да не ти биде џабе учењето”, „Ајде да ги земениме нашите оброци со вашите”, беа само дел од пораките кои ги упатија на студентскиот марш што започна пред Владата, а заврши пред МОН.

Маршот се одржа по повод Меѓународниот ден на студентите, во организација на универзитетските студентски собранија при УКИМ, Штуловиот универзитет, ФОН, Американ колеџ, ФОП, универзитетите од Битола и Штип и движењето „Студентски отпор”.

Студентите побараа подобри услови во студентските домови, изземање на студентите од антикризните мерки, целосно спроведување на Законот за студентски оброк, изедначување на стипендиите, дигитализација и подигнување на квалитетот на образование.

Поврзани новости