1.2K
Македонка, професорка на Универзитетот „Warwick“ во Англија ќе му биде советничка на идниот премиер, а сегашен мандатар, Димитар Ковачевски.
Тој вели дека таа е една од најголемите светски експерти во делот на корпоративните финансии и даночната сфера, а Ковачевски преговарал и со уште една Македонка која работи на Берлинскиот универзитет, а била експерт за енергетика.
Ковачевски во вечерашната „Топ тема“ на Телма рече дека веќе побарал листа на сите 60 советници кои работат веќе во Владата.
Тој го задолжил неговиот шеф на кабинет да направи извештај врз основа на којшто ќе одлучи за бројот на советниците, но веќе и најави нови во неговиот тим.