(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Владо БУЧКОВСКИ разрешен решавач
Личам на Гаргамел и кога по долгата пауза решив во играта да се вратам,
пробав за спорот со Бугарија решение да најдам и за глава да го скратам!
Но, не е тоа тенк па купи си резервни делови и работата така си ја средил,
Владата ме разреши мене, но спорот остана нерешен, секогаш таков бил!

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ ол-стар мандатар
Да бевме во НБА, мојот предлог-состав на Владата ќе се викаше дрим-тим,
зедов нови таленти но и од старите чекам забивања, тоа им го кажав ним!
Во партија вратив некои кадри Бранкови, ова е со „сите ѕвезди“ т.е. all star,
брзо ќе истрчаме на терен, поентира ли мојот тим, и народот ќе види ќар!

 

Компанија БЕГ снабдувач со ладно
Почитувани корисници, знаете ли што е разликата помеѓу порно и парно?
Во порното сите се голи, а со нашето парно да носите бунди ви е најарно!
Но што е сличноста, ќе прашате, и не збориме за тоа што прво ќе ви текне,
(дека некој бива онаден), туку што нема ќеф ако дотурот од „цевка“ секне!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Оливер Спасовски, Христијан Мицкоски, Љупчо Николовски и Стево Пендаровски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

Поврзани новости