Македонија загуби и од Данска и заврши единаесетта на ЕП

by fokus

Македонската ракометна репрезенатција вечерва убедливо со 11 разлика загуби и од Данска, со што го заврши настапот на Европското првенство во Хрватска на единасетото место.

По вчерашниот пораз од Чешка, македонските ракометари имаа сили за само едно полувреме против Данска, во кое се држеа и беше изедначено.

Местата 11 и 12 се одредуваат според двете шестопласирани селекции во групите и нивниот број на освоени бодови. Македонија бодовно е подобра од Србија, па така, го зазема 11. место на ЕП.

Поврзани новости