Коѕијас: Ставаме крај на иредентизмот

by fokus

Шефот на грчката дипломатија,Никос Коѕијас, кусо по завршувањето на средбата во Давос и изјавите на премиерите на двете земји, се огласи на твитер.

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, Никос Коѕијас, рече дека со надворешната политика, грчката влада става крај на иредентизмот, но конкретниот твит, е наменет повеќе за внатрешна употреба, односно во Грција се коментира како напад и критики до опозициската Нова демократија.

-Со нивната инерција дозволија да се градат „иредентистички Александровци Велики“. Со нашата надворешна политика ставаме крај на иредентизмот. Народот ќе види и ќе суди. Условите се создаваат со нашата активност, а не со глупави инерции, напиша на твитер шефот на грчката дипломатија.

Поврзани новости