Владата ќе ослободува од плаќање задолжителни социјални придонеси и персонален данок за доход за компаниите кои ќе вработат граѓани од неколку категории. Околу 150 илјади невработени до 35 години, лица од 35 до 50 години кои повеќе од 10 години се без работа, лицата над 50 години, невработени од ранливите категории граѓани, и лицата постари од 58 години ќе имаат можност да се вработат со мерките предвидени во проектот „Македонија вработува“.
-Компаниите ќе бидат ослободени од плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување и персонален данок во период од 3 години, а ќе бидат должни да го задржат лицето уште една година по истекот на периодот за кој е ослободен од давачките. Во оваа група има околу 70 илјади невработени, рече министерот за економија, Пешевски, на денешната презентација на овој нов проект.
Компаниите кои сакаат да вработат лица од овие категории и да ги користат поволностите треба да не го намалиле бројот на вработени од 15 март годинава до денот на вработување нови работници за кои ќе користат поволности, да немаат неисплатени плати придонеси, даноци повеќе од 2 последователни месеци.