459
Македонските власти од утрово почнаа да пропуштаат по ограничен број бегалци. Според она што може да го регистрира екипата на НОВА се пропуштаат по десетина луѓе.
Како што изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, македонските власти ќе продолжат со пропуштање на бегалците се додека имаат гаранции од ЕУ дека границите ќе бидат отворени за нивниот пат кон европските земји.