Попоски на „Би Би Си“: Најлесно би ни било да ги пуштиме сите мигранти кон ЕУ

by Фокус

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, беше гостин на „Би Би Си“, каде зборуваше за справувањето со мигрантската криза. Водителот ја напаѓаше политиката на Македонија и тоа што македонската полиција употребила солзавец и градела огради.

На овие обвинувања министерот одговори дека Македонија се обидува да ги спроведе одлуките на Советот на Европската Унија, односно да ги спречи илегалните преминувања на јужната граница и да обезбеди прифатни центри во кои ќе се регистрираат мигрантите.

-Ако ме прашате мене, на Македонија би и било најлесно да ја отвори границата и да ги пушти сите мигранти да ја поминат нејзината територија и да заминат во западно-европските земји. Но, тоа е токму она против кое лобираат земјите-членки на ЕУ. Тие нагласија дека сакаат сеопфатен миграционен систем и веродостојни баратели на азил, кои ќе се регстрираат и ако ги исполнат условите, ќе можат да го продолжат својот пат до ЕУ, одговори Попоски.

Поврзани новости