Македонија со играч помалку одигра нерешено со Грузија

by Фокус

Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено 1-1 на гостувањето кај Грузија.

Половина час од натпреварот Македонија играше до играч помалку, откако Висар Муслиу доби директен црвен картон.

Грузија поведе уште во 13 минута со гол од пенал на Окриашвили, откако прекршок направи Алиоски.

Дваесетина минути подоцна, Горан Пандев убаво го проигра Ристовски кој постигна гол за израмнување на 1-1.

После постигнатиот гол, Македонија не успеа да создаде ниту една посериозна шанса за втор гол.

Поврзани новости