Гувернерката на Мичиген го прогласи „8 септември“ за македонско-американски ден

by Фокус

Гретчен Витмер, гувернерка на сојузната држава Мичиген, го прогласи 8 септември, Ден на независноста на нашата земја, за македонско-американски ден, јави Обединета македонска дијаспора.

-Ова признавање покажува дека македонската заедница во Мичиген е мошне силна. Тешката работа, страста и посветеноста го зголемува влогот за постигнување на уште подобра македонска заедница во Мичиген – изјави Дијана Јанчески, претставник  на ОМД во Мичиген.

Во прогласот на гувернерката Витмер, меѓудругото, се наведува „дека државата Мичиген ги признава нејзините македонско-американски жители кои што живеат во неколку заедници на големите езера, додека македонските Мичигандери вредно придонесуваат во бројни области.

Поврзани новости