603
Европската комисија праќа тим на ревизори во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, дознава Телевизија 24.
Предмет на истрага се ИПАРД програмите од последните пет финансиски години. Според информациите до кои дојде Телевизија 24, во фокусот на ревизијата ќе биде менаџментот, контролите, системот на санкции, но со ревизијата е можно да бидат опфатени и сите мерки од двете ИПАРД Програми.
Главаната цел на истрагата е да се покаже дали системите на менаџментот, контролите и санкциите спроведени во земјава, во врска со ИПАРД Програмите, се во согласност со европските легислативи и договорот меѓу Македонија и Европската Комисија.