СДСМ и ДУИ договараат претседател на Собранието

by fokus

Зоран Заев и Али Ахмети утре најверојатно ќе побараат од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, да го свика продолжението на седницата за конституирање на парламентот.

Ова следува по партиските консултации, кои деновиве интензивно се водеа, откако претседателот Ѓорге Иванов децидно порача дека нема да го даде мандатот за состав на влада.

Оттука очекувано е да биде активиран и планот Б, што ќе значи, преку потписи од 20 пратеници да се побара Вељаноски да го свика продолжението на конститутивната седница на парламентот на која треба да се избере претседател на Собранието.

Дел од медиумите веќе шпекулираат со името на Талат Џафери од ДУИ како можен избор за собраниски спикер.

Поврзани новости