Македонија побара од Србија да ги отстрани таблите со БЈРМ

by Фокус

Српската амбасадорка во Скопје, Душанка Дивјак Томиќ, била повикана средба во македонското Министерство за надворешни работи и од неа било побарано Србија да ги отстрани таблите на кои место уставното име на Македонија, стои БЈРМ. Овие табли се поставени по коридорот 10.

Од МНР велат дека било побарано таблите да се заменат со табли на кои ќе стои Република Македонија и додаваат дека час поскоро очекуваат позитивен одговор од српските колеги, во знак на добрососедските односи.

Српските медиуми објавија дека Скопје се лути поради таблите со кратенката БЈРМ, но таквиот потег на нивните власти го толкуваат како реакција на Белград на македонското гласање за прием на Косово во УНЕСКО, кое сепак не се случи.

Поврзани новости