Нема подобрување на односите Русија-САД се додека има економски санкции

by Фокус

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека Русија сака да ги подобри односите со САД, но тоа не може да го стори се додека администрацијата на претседателот Барак Обама ги поддржува економските санкции против Москва.

-Се додека потпретседателот на Обама, Џо Бајден оди по Европа и препорачува продолжување на санкциите против нас, не земајќи го предвид однесувањето на Киев под притисок на Западот, нема да можеме да постигнеме каков било договор, рече Лавров во интервју за италијанскиот весник „Република“.

Лавров додаде дека комбинираните руски, американски и арапски сили во Сирија се доволни за да ја поразат Исламска држава, но напомена дека не е можно да се формира коалиција доколку не се постигне договор за иднината на сирискиот претседател Башар ал Асад.

– Доколку партнерите во потенцијалната коалиција продолжат да бараат да се одреди датумот на заминувањето на Асад од сцената, ќе одговориме дека тоа е против законот и демократијата, изјави Лавров.

Поврзани новости