Дали Мијалков ќе сведочи пред анкетната комисија за прислушувањето?

by Фокус

На денешната седница на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето повикан е да се сведочи довчерашниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков.

Но, претседавачот на комисијата, Петре Шилегов од СДСМ, изјави дека не очекува Мијалков да се појави да сведочи пред членовите на комисијата.

Според него, тој ќе се обиде да избегне да се појави во парламентот, како што претходно тоа го сторија премиерот Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставрески.

Груевски и Ставрески го одложија појавувањето со неодложно службени обврски и најавија дека ќе ја исполнат нивната обврска да сведочат во наредниот период.

Поврзани новости