493
По разочарувачките јунски резултати, македонската фудбалска репрезентација назадуваше на најновата ранг листа на ФИФА за три позиции.
Македонија сега се наоѓа на 68-ма позиција, а падот се должи на поразите од Украина и Англија во евроквалификациите.
Пред нашата селекција се наоѓаат селекции како Исланд, Зеленортски Острови, Албанија, Северна Ирска и Јамајка.
На врвот на ФИФА ранг листата и натаму е Аргентина, следуваат Франција и Бразил, а во топ 10 има место и за Англија, Белгија, Хрватска, Холандија, Италија, Португалија и Шпанија.
Избраниците на селекторот Милевски ќе имаат можност за напредок на листата во септември, кога дома играме со Италија и на гости против Малта.