Македонија незаборава

by Фокус

Пишува: Кирил ЕФРЕМОВСКИ

Минатата година на 5 мај, се случи масовен протест пред македонската влада, поттикнат од  објавените аудио снимски, во кои беа обелоденети обидите на власта убиството на Мартин Нешкоски во 2011година да го скрие. После тие протести и, по случајот од 9ти мај во Куманово, и формално започна процесот за барање излез од политичката криза. Тоа беа првите протести за чие разбивање полицијата употреби сила како никогаш претходно. Тепаше граѓани дури и по околните маала и како и студенти во градските читални. Истата таа вечер, откако преку подземната гаража тајно и ултра брзо ја напушти зградата на владата во која се наоѓаше, Никола Груевски пред 20 часот се упати во еден од центрите за видео-мониторниг на СВР Скопје, од каде лично ја предводеше акцијата на полицијата, гледајќи во десетиците монитори од камерите поставени околу владата кои го снимаа протестот. Во зградата на владата останаа тогашната министерка за полиција и сегашниот технички Чаквов, за оперативно од терен да ја координираат акцијата на тепање  и „разбивање толпа“ а според директивите на Груевски.

Една година подоцна, на овогодишниот 5 мај, сведочиме дека излезот и решението за кризатата не се најдени, а грѓаните незаборавија што се случи на тој 5 мај 2015. Напротив, денес Македонија е на нозе, а ситуацијата е уште покомплицирана и  исклучително опасна.  Денес во Македонија има протести во 14 градови, а Груевски вечерва нема да биде во позицијата да нареди „разбивaње на толпа“ на 14 места ширум Македонија, како што тоа го стори на истиот датум лани.

И после 5 години од сврепото убиство на Мартин Нешкоски на градскиот плоштат додека Груевски и ДПМНЕ таа јунска ноќ  ја славеа победата на изборите во 2011-тата, граѓаните не заборавија дека неговите пајташи се директно виновни за тој одземен млад живот. Не заборавија ниту дека од тоа убиство и Груевски и Митровски и Јанкуловска и Котевски и многу дргуи од МВР имаат крв на дланките поради крајно безобразните и нечовечки обиди да сокријат убиство, па два дена буквално ја лажеа и манипулираа јавноста.

Граѓаните и во 2011-та и минатиот мај протестираа против полициската бруталност и обидите на дел од полицијата и тогашниот премиер  да сокријат убиство. Такви протести ќе има и денес, а ќе има и во иднина.

Она што денес, после пет години е различно е што бројот на освестени, охрабрени и изреволтирани граѓани е далеку поголем. И покрај тоа што се уште е долга раката на ВМРО и Груевизмот, состојбата на молчење во ова невреме не е повеќе нужност туку злостор. Злостор е бранењето на личниот и семеен комформизам или подпросечната работничка и админстративна плата, чија исплата станува се повеќе неизесна, бидејќи како тргнеле многу наскоро нема да има повеќе што да добиваат и бранат.

Се подлабоката политичка криза, во која сосема свесно и тенденциозно не донесоа со цел да се спасат само себе си, ја доживува клучната и по многу нешта последна фаза. Сите инсајдерски информации кои се обидуваат да ги држат далеку од јавноста и оние што ги гласаат, сепак говорат дека фазата во која сме, неможе да продолжи бидејки процесот е стасан до таму што или следата недела ќе се решава со разговори на домашните актери, или ќе акции од некаков ноќен кошмар.

Затоа моментумот за излегување на улица е денес и деновиве пред нас, а пред да биде предоцна и за тоа. Сите јавни и тајни пораки пратени и до Владата и партиите говорат дека или политичката криза ќе добие тек на решавање со конкретни чекори напред до почетокот на следата недела, или со малата Македонија ќе почне да се постапува на сосема поинаков начин. Како што веќе почнува да станува се поочигледно тоа „третирање“ на состојбите овде  меѓународната заедница се помалку ќе го прави во форми на предупредувања, а многу повеќе во форма на делување, од кое последиците ќе ги почуствуваме сите, а не само оние кои директно се винови за дереџето до кое ја донесоа државата и нејзината иднина.

Од друга страна пак, граѓаните на Македонија не смеат да заборават дека сите странски пријатели, посредници и медијатори неможат да ни помогнат толку колку што тоа можеме ние самите. Затоа, паралелно додека четирите партии тајно преговараат и се договараат, грѓаните уште еднаш мораат гласно да ги потсетат и Груевски и Заев и Ахмети и Тачи дека не ги заборавија сите неправди, страдања, убиства и залудно изгубената младост додека врхушката на васт безрезервно крадеше, а оние од опозицијата кроеја планови како да и се спротстават, притоа повеќе занимавајќи се со себе. Протестот и улицата, како еден од начините за притисок врз партиите додека се водат тајни преговири, и денес и утре треба да бидат и помасовни од досега, а Шарената револуција многу повеќе гласна и видлива одколку досега.

Поврзани новости