Демонстрантите со слики од Мартин: Кој е следниот?

by Фокус

Откако се собраа пред Специјалното јавно обвинителство, граѓаните поминаа пред Министерството за правда и пред кацеларијата на претседателот Ѓорѓе Иванов и во моментов се пред Собранието. Таму се пуштаат снимки од разговорите во кои се слуша како владиниот врв пробува да го сокрие убиството на Мартин Нешкоски, кое се случи на прославата на ВМРО-ДПМНЕ на плоштад Македонија.

Демонстрантите во рацете носат слики од Мартин и извикуваат „Кој е следниот?“ и „Убијци“. На чело на колоната носат транспарент на кој пишува „Пробавте да сокриете убиство“.

Лани на петти мај по објавувањето на „бомбата“ за Мартин се случи и еден од најзначајните протести кога за прв пат беше пробиен полицискиот кордон пред Владата и гневните граѓани влегоа во дворот. Потоа во текот на вечерта полицијата бркаше демонстраните низ скопските улици при што ги тепаше и ги апсеше. Специјалните единици влегоа и во библиотеката „Браќа Миладиновци“ каде ги нападнаа студентите.

sobbb sobb

Поврзани новости