Македонија нема да учествува во воена вежба на САД за одбрана од руска „агресија“

by Фокус

Министерството за одбрана на Македонија и АРМ нема да учествува на воените вежби на НАТО кои се оддржуваат во периодот од 18 мај до 6 јуни во организација на САД, што треба да ја припремат АРМ за одбрана на Балтикот и Полска од евентуалната агресија на Русија.

– Војската на Македонија нема да учествува во одржувањето на овогодинешните воени вежби во организација на САД во Германија. Според планот за учество на воени вежби, нема да учествува во вежбите „Заедничко решение 4“ туку ќе земе учество во „Заедничко решение 6“ и „Вкрстени мечови 16“, кои, исто така, се во организација на Европските сили на САД – вели министерот за одбрана Зоран Јолевски.

Од Балканските земји учество земаа Србија и Црна Гора, но и членките Бугарија, Албанија, Хрватска, Чешка, Данска, Италија, Летонија, Романија и Словенија.

Поврзани новости