Наведната глава може сабја не ја сече, ама и сонце не ја грее!

by lali

Самоодрекувањето е многу ретко кај луѓето. Секој често бара и секој се почесто сака да постигне само сопствена корист, па затоа и се создава судир на лични интереси. А при задоволувањето на сопственото его се губиме во маглата на погрешното, патејќи од незнаење и површност, полнејќи се со себичност и неправедност. Тешко ни е да сфатиме дека не се работи само за нас, туку се работи за сите наоколку што можат да не направат среќни.

Не се ни обидуваме да осознаеме и да научиме повеќе, плашејќи се да не го нарушиме егото, да не се побиеме себеси и своите плитки сфаќања. Не прифаќаме вистина, затоа што таа знае да биде болна и може да биде погорчлива од слатките лаги. Ги држиме очите затворени пред неа, седнати во темница и уплашени молејќи се да вистината да помине и да не земе дел од нас.

Мора да се соочиме со грешките, мора да ги скршиме лагите, мора да се исправиме и продолжиме да се бориме со невистините, со неправедноста, со себичноста, и тоа мора да го правиме храбро и трпеливо. Знам, наведната глава сабја не ја сече, ама и сонце не ја грее. Искрените нешта, секојдневните добри дела и истрајните борби на обичните луѓе ја држат темнината подалеку при отворени очи вперени кон суровата реалноста која не опкружува.