Борисов: Политичката криза во Македонија да се реши по демократски пат

by Фокус

Политичката криза во Македонија треба да биде решена по демократски пат, порача бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој денеска во Софија се состана со опозицискиот лидер во Македонија Зоран Заев.

– Властите и опозицијата треба да најдат дијалог онаков како што бара Европа. Не се мешаме во внатрешните работи на Македонија, но не вознемирува тоа што таму има политичка криза и тоа до нашата граница, кај еден народ кој е најблизок до Бугарија – рече Борисов.

Бугарскиот премиер истакна дека неговата држава е против сите изјави за федерализација на Македонија.

Поврзани новости