Според најновиот извештај на Фридом Хаус за „Нации во транзиција“, Македонија е во групата на земји со транзициски-хибриден режим на граница кон автократија. Македонија е оценета како транзициски-хибриден режим кој опасно се приближува кон полуконсолидиран автократски режим.
-Политичката поларизација меѓу владата и опозицијата стана поизразена откако владејачката политичка елита се бори да остане на власт. Дејствијата на владејачката партија и политичката клима во целост гo спречуваат спроведувањето на итните демократски приоритети барани од страна на ЕУ. Потребни се значителни реформи за да се врати земјата назад на патот на демократизацијата, стои во извештајот.
Во периодот од 2005 до 2016 година, Македонија е земја со најголемо назадување од земјите во регионот на Балканот. Доколку во наредниот период земјата ја „достигне“ оценката 5, веќе ќе влезе во групата авторитарни режими заедно со Киргистан, Белорусија, Русија, Азербејџан и други поранешни советски републики.