Македонија на 117 место по слободата на медиумите

by Фокус

Во најновиот извештај на меѓународната медиумска организација „Репортери без граници“, Македонија се најде на 117 место од вкупно 180 земји рангирани според слободата на медиумите.

Во извештајот е истакнато дека лани, новинарот Томислав Кежаровски бил во домашен притвор и дека ситуацијата со медиумите во Македонија била лоша. Како големи проблеми се истакнува и политичкото распределување на државните реклами и злоупотреба на тужбите за клевета, како начин на притисок врз новинарите.

На оваа листа, Македонија лани беше рангирана на најниско место во нејзината историја, на 123 место.

И во овој извештај Македонија е во истото друштво како и лани со државите кои имаат сличен пласман како Авганистан, Обединетите Арапски Емирати, Мали, Таџикистан…

 

Поврзани новости