Македонија може да ја изгуби препораката за почеток на преговори

by Фокус

Во телефонски разговор за телевизија Телма, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл вели дека Македонија може да ја изгуби препораката за почеток на преговори со Европската унија, ако не ја реши политичката криза.

Тој предупредува дека во Унгарија расте скептицизмот за демократските капацитети на Македонија и можно е по 6 години земјата да ја изгуби препораката за почеток на преговори.

-Не треба да се има некаква илузија околу тоа. Има многу луѓе во ЕУ кои веќе се сомневаат во тоа дали Македонија е партнер со кој во овој миг може да се преговара. Ако во таа држава не функционира парламентот, ако нема некој базичен договор за приоритетите на државата, изјави Вајгл за телевизија Телма.

Поврзани новости