ВМРО-ДПМНЕ: Заев купуваше гласови со простување на долговите за вода

by Фокус

Како Заев ја практикува локалната власт говорат и фактите дека се обидуваше со класично изборно поткупување да ги добие гласовите на над 1.300 фамилии на кои на два дена пред избори им ги прости долговите за вода, се закануваше со откази и вршеше притисок врз општинската администрација да гласа за СДСМ, а потоа со списоци следеше кој оди на гласачки места, а кој не, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ по повод денешната „бомба“ која ја објави опозицијата.

Понатаму во реакцијата од владејачката партија се вели дека деструктивното сценарио на СДСМ не им поминува кај граѓаните и на сите им е јасно дека СДСМ се обидува без поддршка од народот и со директна помош од странски центри да дојде на власт.

Инаку, еден од последните проекти на Владата беше простување на долгови на социјално загрозени семејства, со што  се отпишуваа долгови за неплатени сметки, но и рати за кредити.

Поврзани новости