Десет „меки“ предлог-мерки за излез од политичката криза

by Фокус

1. Оставка на јавниот обвинител

2. Враќање на СДСМ во Собранието

3. Меѓупартиски договор на парламентарните партии за широка, радикална реконструкција на Владата на чело со актуелниот или со премиер предложен од најбројната партија во парламентот –  ВМРО–ДПМНЕ. Паритетна распределба на клучните министерски ресори со избор на експерти на чело на министерствата за финансии, полиција, транспорт и врски

4. Донесување закон за амнестија на обвинетите во аферата „Пуч“ и на осомничените за изборен криминал и други прекршувања на изборните закони и други полесни кривични дела – според индиции од прислушуваните разговори.

Во амнестијата не се опфаќаат основаните сомненија за сторени кривични дела тероризам, крвни деликти –  убиства, силување, трговија со оружје, дрога, крупни финансиски деликти, односно коруптивни зделки или злоупотреба на службената положба за незаконито стекнување имот или противправна имотна корист или прикривање на овие и на други тешки кривични дела согласно индициите од прислушуваните разговори.

5. Пакет мерки за враќање на довербата во независното судство:

– Избор на независен јавен обвинител со согласност на сите парламентарни партии кој ќе ги гони кривичните дела за кои нема амнестија

– Избор на нов, независен судски и обвинителски совет кои ќе предложат основни и окружни обвинители и нови претседатели на судовите

6. Пакет мерки за слобода на печатот:

– нов закон за јавниот сервис – деполитизација на уредувачката политика на МРТ преку избор на независен генерален директор и мерки за финансиска консолидација на јавниот сервис

– усвојување мерки и критериуми за распределба на јавните пари во електронските и печатените медиуми за владини кампањи од јавен интерес

– укинување на Законот за медиуми

7. Ребаланс на буџетот и кратење на јавните трошоци за проектот „Скопје 2014“ и на други непотребни државни луксузирања

8. Организирање попис на населението во рок од шест месеци

9. Изготвување нов избирачки список според спроведениот попис и обезбедување увид на ДИК во процесот на издавање биометриски документи – лични карти и пасоши заради изработка на избирачкиот список и негово навремено затворање

10. Организирање фер и демократски избори во рок од една година

Поврзани новости