Македонија минимално загуби од Бугарија

by fokus

Македонската фудбалска репрезентација вечерва загуби од Бугарија во рамки на Лигата на нациите. Крајниот резултат беше 0-1.

Како клучен момент се покажа црвениот картон на нашиот дефанзивец Тодор Тодороски кој беше исклучен уште во 15-тата минута.

Во 50-тата минута капитенот на Бугарија Десподов по една контра се најде сам пред голманот Столе Димитриевски и успеа да го совлада.

По овој пораз Македонија заврши на третото место во својата група во Лигата на нации, а Бугарија се искачи на второто. Прва е Грузија.

ФОТО: ФФМ

Поврзани новости