Европската комисијата смета дека Република Македонија има право да си ја штити границата од нелегални преминувања, јави дописникот на МИА од Брисел. Во однос на вчерашните немили сцени каде нелегални емигранти од Африка и Блискиот Исток насила се обидуваа да преминат на македонска територија од Грција, портпаролот на Еврокомисијaта, Гркот Маргаритис Схинас ја испрати пораката во име на неформалната Влада на Европската унија, додавајќи дека „вчерашните слики од границата само потврдиле дека е потребно европско решение на бегалската криза“.
– Ние не влегуваме во тоа кој за кого работи и кој што бара од некого. Не влегуваме во тоа. Но тоа што го видовме вчера на границата е дека, да, ЕК е загрижена од вчерашните слики. Се разбира, до БЈР Македонија е да ја заштити границата, но сликите што ги видовме вчера се потврда дека единствено решение е колективно решение, европско решение. Секои мерки што се превземаат за контрола на границите нема да бидат во рамки на нашата амбиција да се менаџираат нашите граници. Сите мерки на границите што се превземаат мора да бидат според меѓународното и европското право, порача портпаролот Схинас.