СЈО бара одложување на ПУЧ

by Фокус

Специјалното јавно обвинителство ќе побара одложување на процесот „Пуч“ за кој утре во 10:00 часот во Кривичниот суд е закажана главна расправа, потврдуваат од СЈО.

Оттаму велат дека Специјалното јавно обвинителство сè уште не го добило одговорот од Кривичниот суд на барањето за добивање копии од доказите за случајот „Пуч“, кои им се потребни за подобро запознавање со предметот и за негова соодветна презентација во судница.

Во случајот Пуч првообвинет е Зоран Верушевски, а четврто обвинет беше лидерот на СДСМ Зоран Заев. Обвинети се и сопругата на Верушевски, Соња, вработениот во МВР Ѓорги Лазаревски и службеникот во Општина Струмица Бранко Палифров.

Поврзани новости