„Југохром не е единствениот, ниту најголемиот загадувач на Тетово“

by Фокус

„Југохром“ од Јегуновце денеска го рестартираше своето производство со вклучување на две печки Според генералниот директор на „Југохром“ Васко Скендеровски, согласно нивната одлука донесена кон крајот на декември „Југохром“ привремено ја стопираше својата работа за време на јануари и февруари за да го даде својот придонес во намалувањето на загадувањето на воздухот.

– Се докажа нашето тврдење дека „Југохром“ не е единиствениот, а уште повеќе најголемиот загадувач на воздухот во регионот така што по изминување на двата месеци го рестартиравме производството со вклучување на две печки со вкупна моќност од 25 мегавати. Постепено ќе продолжиме и со враќање на работниците на работа и сегашната бројка изнесува на 400 работници. Се планира и враќање на другите работници откако ќе следи вклучување и на другите печки и достигнување на максимално дозволената моќност од 50 мегавати изјави Скендеровски.

Според Скендеровски паралелно и со рестартирањето ќе се продолжи и со поставувањето на системот за отпрашување.

Поврзани новости