Македонија има 1,44 милиони корисници на интернет, а еден милион се на „Фејсбук“

by fokus

Вкупно 69,1 од проценетата бројка на 2.083.308 жители на Македонија се поврзани на интернет, односно 1.439.089, а еден милион користат „Фејсбук“, покажуваат пресметките за март годинава на специјализираната статистичка веб-страница „Интернет ворлд стат“, пренесе Мета.

Од земјите во регионот, по користењето интернет во март годинава пред Македонија биле Косово (со 80,4 отсто) Словенија (72,8 проценти), Хрватска (74,4 проценти), БИХ (69,3 отсто). Зад Македонија се Србија (66,2 проценти), Грција (64,9 проценти), Албанија (62,6 отсто), Црна Гора (61 отсто) и Бугарија (59 отсто).

Во Европа од проценети 822,71 милиони жители, интернет користат 637 милиони луѓе, а „Фејсбук“ – 328 милиони.

Според „Интернет ворлд стат“, во светот во март годинава од 7,52 милијарди луѓе, интернет користеле 3,73 милијарди.

 

Поврзани новости