Со доделувањето на мандатот на Заев, Иванов го призна Џафери како спикер

by Фокус 12:35
12:35

Со фактот што му го довери мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев за состав на нова влада, претседателот Ѓорге Иванов покажа дека го признава Талат Џафери за претседател на собранието, вели пратеничката од СДСМ Рената Десковска – Треневска, која е универзитетски професор по уставно право.

-Иванов истакна дека за да го додели мандатот мора да се надминат политичките, но и правните пречки, алудирајќи на рокот од 10 дена во кој треба да го додели мандатот, по извесување на претседателот на собранието дека е формирано мнозинство во парламентот. Со тоа што смета дека нема правни пречки, Иванов го призна Џафери за претседател на собранието, што значи дека има полн легалитет и легитимитет – изјави Десковска – Треенвска за Фокус.

- Advertisements -

Оттука, според неа, Џафери сега може да го проблематизира и бојкотира само ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, која веќе зазеде став дека само пратеничкиот мандат на Џафери е неспорен, меѓутоа неговиот избор за претседател е спротивен на законите, деловникот и процедурите.

В.С.

Поврзани новости