Заев го доби мандатот од Иванов: Гарантирам заштита на уставниот поредок и територијалната целина на државата!

by Фокус

 

Гарантираме заштита на унитарноста, суверенитетот, територијалниот интегритет и мултиетничноста на државата, заштита на уставниот поредок и територијалната целина, заштита на државните интереси и унапредување на животот на сите граѓани…

Ова го изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, откако претседателот Ѓорге Иванов предмалку му го додели мандатот за состав на нова влада, како кандидат што го предложило новоформираното парламентарно мнозинство.

-Носењето на одлуките ќе биде во согласност со демократските принципи и владеењето на правото и ниту еден документ, декларација, акт или дејсво, спротивни на горенаведените ставови, не може да бидат услов за формирање и дејствување на владата – рече Заев.

Поврзани новости