426
Македонската ракометна репрезентација одигра солидно прво полувреме против Чешка и води со три разлика: 13-11.
Нашата репрезентација игра добро и без капитенот Кирил Лазаров кој е на клупа. Тој влезе само за да изведе еден пенал кој го реализираше.
Сепак, капитенот има добра замена во младиот Мартин Велковски кој по трите технички грешки на почетокот, потоа се исправи и стана еден од главните играчи на екипата. Имаше пет асистенции и постигна два гола од три обиди.