Вујо и Словенија одиграа за Македонија

by fokus

Ракометната репрезентација на Словенија вечерва ја победи Шпанија со резултат 31-26. Овој резултат и оди во прилог на Македонија, со што ни се отвора простор и со една победа и едно реми да одиме во полуфинале.

Сепак, за ова да се реализира, Шпанија и Германија во последното коло ќе треба да одиграат нерешено.

За сигурен пласман во полуфиналето, Македонија треба вечерва да ја победи Чешка, а утре и Данска. Со една победа и еден пораз, ќе играме за петто место.

Поврзани новости