424
Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, Оливер Спасовски и Небојша Стефановиќ денеска во Белград потпишаа Договор меѓу владите за воспоставување заеднички контроли на граничниот премин Табановце-Прешево, со што значително ќе се намалат бирократските процедури и ќе се забрза протокот на возила.
Во врска со заедничката контрола на границите, работни групи од двете земји ќе продолжат со разговори во насока на целосно спроведување на проектот.
Овој премин ќе овозможи побрз проток на луѓе, патници и стока на граѓаните на двете држави, но и на оние кои транзицираат.