Изградба на патна и енергетска инфраструктура која ќе ја олесни комукацијата меѓу луѓето и бизнисите од Македонија и од Србија и конкретни проекти за зголемување на економската соработка, се дел од приоритетите за кои денеска разговараа владите на Македонија и Србија на заедничка седница. Двете влади потпишаа седум договори од областа на економијата, туризмот, железничкиот сообраќај, образованието, културата, екологијата и надворешната политика.
Меѓутоа, она што беше чудно денеска, е декана денешната заедничка седница не присутсвувале македонските министри за финансии и внатрешни работи, Зоран Ставревски и Гордана Јанкуловска.
Двајцата македонски министри деновиве се мета на критики, откако лидерот на опозициската партија СДСМ,меѓу другите, објави и прислушувани разговори меѓу овие двајца министри.
Без коментар за актуелните случки деновиве остана и македонскиот премиер Никола Груевски кој изјави дека нема конкретен коментар за аферата прислушување и тонските записи што вчера ги објави лидерот на СДСМ, но најави дека во следниот период ќе се произнесе подетално.