ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов денес имаше улога да ги покрие лагите на неговиот лидер Заев

by Фокус

Од владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ, велат дека Зоран Заев И СДСМ со секој нов ден продолжувале со одработување за полза на странските центри преку објавување на креирани материјали со кој нанесувале директна штета на државните интереси и на граѓаните на Република Македонија. Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, во однос на денешната прес конференција на Петре Шилегов, пишува и дека СДСМ била посветена да дојде на власт без програма, проекти и идеи.

-Ваквите панични изјави и прес конференции како денешната само ја докажуваат неуверливоста на СДСМ и фактот дека самите се фаќаат во сопствените лаги. Шилегов денес имаше улога да ги покрие лагите кои станаа видливи и контрадикторностите на неговиот лидер Заев – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата на власт додаваат и дека Заев бил човекот кој јавно и соопштил на јавноста дека македонскиот народ треба да ја свитка кичмата, кој по смс пораки ги инфомрирал другите партиски лидери дека на власт ќе го донеле пријателите од странство, кој на премиерот му потврдил дека креираните материјали му се од странски служби и човек кој јавно се заканил дека кога ќе дојде на власт, сите вработени ќе ги заменел со членови на СДСМ.

Оваа реакција доаѓа, откако денеска портпаролот на СДСМ изјави дека молкот на владините функционери, чии што прислушувани разговори беа објавени од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, говорел дека прислушувањето било вршено по налог на премиерот Никола Груевски и директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Поврзани новости