440
Според најновиот Извештај на Советот на Европа за статистика поврзана со затворениците, Македонија во 2014 година по разни основи помилувала или ослободила 1.342 затвореника. Според овие бројки, Македонија е на второ место по број на помилувани затвореници во Европа. Пред нас е само Грузија која помилувала над 9.000 лица.
Според податоците на Советот на Европа, во Македонија во 2014 година имало 12 индивидуални, 18 колективни и 1312 друг вид на помилувања/ослободувања.
Во Европа најголем дел од државите не направиле ниту едно помилување или ослободување по било каков основ.