Македонија задолжена за уште 25 милиони евра

by Фокус 18:48
18:48

Владата денеска позајми 25,3 милиони евра од домашните кредитори. Ова е повеќе од двојно од она што беше планирано според објавените проспекти на Министерството за финансии.

По основ на доспеани долгови државата треба да врати 5 милиони евра, што значи дека со денешното задолжување се создаде нов долг од 20 милиони евра.

Заклучно со 2015 година вкупниот јавен долг изнесува 4,22 милијарди евра или 46,5 отсто од БДП, што претставува едно од највисоките нивоа измерени во изминатите години.

Поврзани новости