Македонија ги затвори границите за мигранти

by Фокус

Поради зголемениот прилив на мигранти во државата, Владата донела одлука за прогласување на кризна состојба на јужната и северната граница.

Портпаролот на МВР, Иво Котевски, на денешната прес-конференција соопшти дека на јужната граница би можела да биде ангажирана и војската за да се зголеми безбедноста за локалното население а воедно да се пружи похуман и посоодветен третман за барателите на азил кои влегле во Македонија.

Според одлуката на Владата, ќе се формира главен штаб во рамките на Центарот за управување со кризи кој за кратко време ќе донесе и соодветен акциски план за постапување.

Причини за одлуката на Владата е зголемениот притисок од мигрантите на јужната граница. Само за 24 часа МВР издаде 1.327 потврди, а за последните два месеци вкупно 41. 414 странски државјани изразиле намера за барање азил.

На јужната граница најбројни се бегалците од Сирија, Авганистан и Пакистан.

Поврзани новости