Македонија дише загаден воздух

by Фокус

Во неколку градови низ Македонија, меѓу кои и Скопје, продолжува трендот на аерозагадување.

Освен во главниот град, и во Тетово, Битола, Кичево и Кочани утрово се регистрирани високи концентрации на ПМ10 честички, кои главно се движат од 100 до 300 микгрограми на кубен метар.

Притоа, единствен исклучок е Тетово, каде во девет часот утрово се измерени дури 516 микрограми, а во текот на ноќта максималното ниво кое изнесувало 833.
Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешески, денеска изјави дека ситуацијата со загадувањето е резултат на комбинација на многу ефекти, а не само на индустријата.
– Најголем удел во загадувањето има загревањето со огревни дрва, бидејќи таму емисијата на честички е прилично голема – оцени тој.
Од друга страна, пак, од опозицискиот СДСМ сметаат дека токму владата е најголем виновник за прекумерното аерозагадување, бидејќи наместо да троши средства за почиста средина, троши за споменици и реклами.

Поврзани новости