ЛП: Потребно е итно намалување на буџетските трошења

by Фокус 21:08
21:08

Либералната партија денеска предупреди дека ако политичките субјекти вклучени во преговорите сакаат  да спречат ескалација на политичката во финансиска криза потребно е итно да започнат преговори за суштинска трансформација, вклучително намалување на прекумерните буџетски трошења, вишоците во администрацијата и трансформацијата на првиот столб на пензиското осигурување.

– Државните органи, вклучително Владата на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, треба да се водат од државните интереси и нив ги штитат, а банките да продолжат да се водат од својата деловна политика. Оттука, банките не може да сносат одговорност за своето делување доколку истото е согласно законот, се вели во соопштението на ЛП.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

 

Поврзани новости