Македонија, Албанија и Србија најсиромашни во Европа

by Фокус

Според најновиот извештај на Евростат за потрошувачката на жителите на државите членки и земјите со кандидатски статус, Македонија, Албанија и Србија се најсиромашни земји.

Извештајот покажува дека Македонија според БДП по глава на жител е на дното на листата заедно со двете соседни земји. Личната потршувачка на граѓаните на земјава е 36% од европскиот просек. БДП по глава на жител во Србија е 35% во однос на просекот во ЕУ, а на Албанија 29%.

Според домашната статистика пак, намалување на сиромаштијата е забележано кај оние што земаат пензија и што добиваат социјална помош. Стапката на сиромаштија кај вработените е непроменета и изнесува 11%.

 

Поврзани новости