Исечени тополите во Паркот на новинари

by Фокус

Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ денеска ги исече тополите во Паркот на новинари кој се наоѓа спроти поранешната зграда на НИП Нова Македонија. Ова следува откако пред околу еден месец Јавното претпријатие донесе одлука да се исечат сите тополи во Скопје.

-Согласно Програмата за работа на Јавното претпријатие за 2015-та година предвидено е да се исечат сите преостанати тополи во град Скопје, за што не е потребен документ – решение, соопштија тогаш од „Паркови и зеленило“.

Како причина за ваквата одлука да се исечат сите тополи во Скопје, се наведува тоа што пред околу два месеци една топола паднала врз киоск.

Поврзани новости