Груевски, Заев, Ахмети и Тачи денеска повторно на лидерска средба

by Фокус

Лидерите на четирите најголеми партии во Македонија, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, денеска треба да одржат средба заедно со амбасадорите на Европската унија и САД во земјава, Аиво Орав и Џес Бејли.

На средбата, евроамбасадорот Орав треба да го презентира извештајот подготвен од експертската група ангажирана од Европската комисија. Се очекува на денешната лидерска средба и да се утврди дали постои простор за преговорите да продолжат.

Дефиниран е предлог-датум до кој треба да постигнеме договор, како и рокови во кои ќе се движиме, соопшти синоќа претседателот на СДСМ, Заев во интервју за телевизијата 24 вести.

Средбата ќе почне во 13.30 часот во Клубот на пратеници.

Поврзани новости